Македонија

Али Ахмети свика за утре седница на Централното претседателство на ДУИ – ќе се анализираат резултатите од изборите

Шефот на „интегративците“ утре ќе го прекине четиридневниот молк по дебаклот, што го доживеаја тој и неговата партија ДУИ и опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција. Дали Ахмети и ДУИ ќе го прифатат и ќе го признаат поразот во првиот изборен круг?

„Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети свика состанок на централното претседателство на ДУИ, кој ќе се одржи утре, на 24 октомври 2025 година со почеток во 13 часот и 30 минути во седиштето на партијата во Тетово.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“

Натаму порталот наведува: Според официјалното соопштение, се очекува на состанокот да бидат разгледани важни политички и организациски прашања, во контекст на неодамнешните политички случувања во земјата, како и анализата на резултатите од локалните избори.

Средбата доаѓа во момент кога на албанската политичка сцена во Македонија се водат дебати за внатрешно реструктуирање и за идната ориентација на партиите по изборниот циклус. – објави „Алмакос“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top