Македонија

Алиу: Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хирургиски интервенции – Пациентите ќе знаат колкава е листата за чекање

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го претстави новиот модул за електронска евиденција за селективни хирургиски интервенции во јавните здравствени установи. Пациентите што имаат закажано вакви интервенции преку порталот ќе може да видат кога им е закажана интервенцијата и да видат колку е долга листата на чекање. Алиу појасни дека на јавниот портал, кој се наоѓа на веб-страницата на Министерството, ќе биде достапна листа на закажани селективни хирургиски интервенции, со јасна категоризација на интервенциите и стандардизирани правила за внесување и ажурирање на податоците.

– Со ова првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронската евиденција за закажаните интервенции во здравствените институции. Целта е секој пациент да ја добие услугата прв дојден, прв услужен, како што е во моментот. Евиденцијата на хирургиски интервенции се води во системот „Мој термин“ преку издавање упат со тип на болнички упат за операција, што се издава од специјалист хирург, со единствен број на упат и со сите потребни податоци за типот на операција од листата на хирургиски интервенции, како и податоци за пациентот – рече Алиу.

При денешното претставување на новиот модул за електронска евиденција министерот Алиу нагласи дека утврдиле и одредени неправилности, меѓу кои и тоа дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред интервенцијата. – Некои од установите и од лекарите користат друг тип на упат, конзервативен третман за евиденција на пациентите на листата, а лекарите ги водат листите во хартиена форма. Листите на чекање не се редовно прочистувани и од ова создаваат неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби на пациентите. Не се почитувае на законската регулатива – рече Алиу.

Министерот истакна дека на овој начин пациентите ќе знаат колкава е листата за чекање на селективни хирургиски интервенции во болницата, во која му е закажана интервенцијата, како и дека слободно може да пребаруваат по порталот и да добијат информации.

– Во однос на овие новини – до јавните здравствени установи, што вршат хирургиски интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции со бројот на реализирани упати за операција во системот „Мој термин“. Со оваа новина ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме реално мерење на времето на чекање, а со тоа и подобро планирање и распределба на ресурсите, како и примена на европските практики во оваа област – истакна министерот за здравство, Алиу.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top