Македонија

Алиу: Одлуката за можна ротација на министерските ресори ќе зависи од лидерите на политичките партии

„Прашањето дали Вреди ќе добие еден член повеќе, или ќе остане со шестмина во Владата, е  дел од преговорите меѓу владините партнери.“ – истакна Азир Алиу, министерот за здравство од крилото на Алијансата на Албанците, што остана во Владата, вечерва во интервју за „360 степени“ на Првата програма на Македонската радиотелевизија.

„Ресорот европски прашања ѝ припаѓа на Алтернатива и оти во таа партија ќе треба да се реорганизираат, ако сакаат Беким Сали да стане член на Владата. Тоа може да значи дека Орхан Муртезани повеќе нема да биде министер.“ – објави „360 степени“. 

„360 степени“  натаму наведува: Запрашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од таа позиција евентуално да биде вицепремиер, или можеби некој друг од министрите на Вреди ќе биде вицепремиер, Алиу упатува на договорот за владината и внатрешната структура во Вреди и оти ресорот европски прашања ѝ припаѓа на Алтернатива.

„Освен договор, во којшто е креирана таа владина структура, исто така ние имаме и договор, бидејќи Вреди е составена од четири политички партии, внатре со поделена структура на политички позиции, директорски, заменик-министри и така натаму. Со оглед на предвид внатрешните структури, поделбата внатре во самиот Вреди, исто така имајќи го предвид и тој договор, што го имаме со ВМРО-ДПМНЕ за креирање на владата, веќе година и пол активна, ценам дека ќе се најде начин како тоа да се реорганизира. Таа позиција е позиција на Алтернатива, така што тие внатре ќе треба да се организираат за реорганизација, или ’свичување’ од еден на друг, на друга позиција на колегите што се дел од од владата – вели Алиу.

Разговорите, дополнува тој, се во тек, за два-три дена, максимум четири, ќе имаме резултати и ќе видиме која структура на новата организација ќе ја имаме.

Како што објави „360 степени“, Алиу потврдува и дека Недим Рама или Мухамед Хоџа можат да бидат нови министри, како кадар од структурата на Изет Меџити. „Тоа зависи од нив кој ќе одлучат. Се спомнуваат и двајцата. Сепак, не би било добро јас да давам такви информации, коишто верувам дека сè уште не се конечни како имиња, да не прејудицираме.“ – вели Алиу одговарајќи потврдно дека едно од двете имиња ќе биде министер за животна средина.

Тој лично очекува да ја задржи неговата позиција во Владата, но не ја отфрла можноста да предводи и трет ресор во иднина, со оглед на тоа што претходно беше министер за информатичко општество и администрација.

„Мојата позиција во владата, но и како човек, мојот пристап е да се работи и да бидам активен и да ги реализирам сите активности коишто ни се предвидени за 2025 година, бидејќи јас сум свесен за досегашните и за оваа политичка позиција која ја гледам како позиција којашто ти е дадена да може да ги реализираш целите на таа институција. И верувајте дека јас од таа позиција се водам секој ден. Реорганизација на владата се прави од политички аспект и од функционален аспект и ценам дека сега засега таа позиција е позиција на Алијанса за Албанците.“ – вели Алиу.

Во однос на предвремени парламентарни избори, Алиу оценува дека зависи од кој аспект се гледа на прашањето – од политички или државнички. „Политички гледано тоа сега е идеално да се направи, поради тоа што и Вреди и ВМРО-ДПМНЕ се победници на овие локални избори, но државнички гледано, тоа мислам дека не е во ред, заради динамиката на работа што ја имаме сите институции. Еве, Министерството за здравство, на пример, во моментот во тек ни е 205 милиони евра за инфраструктурни инвестиции во здравството, во Кичево, во Тетово и во Штип. И ценам дека сите тие процеси би се одлагале минимум за шест месеци, а притоа плус три-четири месеци додека, нели, креирате нова политичка агенда, додека креирате акциски планови на ниво на министерство. И ценам дека државнички гледано освен економскиот момент, трошоци, мислам дека и тој момент на реализација на програмата би било залудно да имаме предвремени избори.“ – додаде Алиу.

На прашањето дали би било прифатливо како аргумент одржување на парламентарни избори за потоа да се влезе во уставни измени, Алиу посочува: „Ако се работи за процеси, кои што придонесуваат кон државата, дали се тие економски или политички – дефинитивно, да“. – објави „360 степени“.


Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top