Македонија

Алиу: Врвот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три седмици

Оаа година првпат 77.000 граѓани веќе се вакцинираа против грип.

Врвот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели. Секоја година во овој период имаме зголемување на бројот на пациенти со грип кои бараат здравствени услуги, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. 

Во моментов, појасни тој, нема зголемен број заболени од грип за да се каже дека тој е алармантен споредено со претходните години. – Се уште не сме во тој пик на сезонскиот грип за да правиме соодветна компарација меѓу оваа и претходната година. Задоволство ми е да информирам дека оваа година првпат 77.000 граѓани веќе се вакцинираа против грип. Тоа е најдобриот пристап за да се креираат услови за да може телото да биде заштитено од сезонскиот грип – посочи Алиу.

Потенцира дека останале уште 3.000 вакцини против грип. – Граѓаните за вакцинација не треба да се пријават во системот за вакцинација, туку можат директно да одат во здравствените институции да се вакцинираат. Ова е единствениот начин како ние можеме да ги заштитиме нашите граѓани особено популацијата која е во тој кластер на сензитивност – постари лица, бремени жени, здравствени работници – додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

To top