Македонија

Амбасада на САД: Лажат сите што тврдат дека можат да ви аплицираат за Зелена карта за 2027

Процесот за апликација воопшто не е отворен

Лажат сите поединци или фирми кои што рекламираат дека може да помогнат во процесот на добивање на  Виза за разновидност како еден од начините да се добие постојан престој познат како Зелена Карта или Green card.

,,Периодот за регистрација за Виза за разновидност (DV) 2027 во моментов не е отворен. Свесни сме за извештаи за лажни тврдења дека пријавувањето за DV-2027 е отворено и за поединци и служби кои лажно тврдат дека можат да ги зголемат вашите шанси за избор. Ова не е вистина”, објавуваат од амбасадата на САД.

 

Датумите за регистрација за DV-2027 и деталите за промените во процесот за оваа година ќе бидат објавени од страна на Стејт департментот кога ќе бидат достапни, се вели во реакцијата на амбасадата на информации објавени на социјалните мрежи во кои се тврди дека за парична надокнада може да се посредува за вадење зелена карта .

 

 

Со Законот за имиграција од 1990 година САД ја воспостави програмата за виза за разновидност (DV), каде што 55.000 имигрантски визи ќе бидат достапни на годишна лотарија, почнувајќи од фискалната 1995 година.

Лотаријата има за цел да ја диверзифицира имигрантската популација во Соединетите Американски Држави, со избирање на кандидати претежно од земји со ниски стапки на имиграција во Соединетите Американски Држави во претходните пет години.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top