Предлог-законот за заштита од пушење нема многу членови, но она што го карактеризира се многу широки рестрикции во врска со пушењето и продажбата на производи наменети за пушачите, како и високи прекршочни казни. Но и систем на порамнување, односно отстранување на последиците од прекршокот за физичките лица, доколку се решат на овој начин да го „платат“ прекршокот, а покомплициран систем на можност на договарање со државата пред нова комисија, што е предвиден за правните лица.
Анализите од законот не покажуваат негативни ефекти врз стопанството. Напротив, аргументите се дека нездравото население долгорочно ѝ нанесува поголема штета на економијата отколку било која политика против пушење.

Се огласи и Туристичко-угостителската комора. Таа е подготвена да седне на маса со владата и ресорните министерства за да ги дискутираат слдните чекори за законот за пушење. Од таму велт дека мора да се има периоид за адаптација, па да се пристапи со негово носење.
- Во однос на новите предлог-мерки за пушене ние како Туристичко-Угостителска Комора заедно со нашите членки деновиве градиме став во врска со новите предлог решениjа. Во накраток можен рок ке излеземе со свои предлози размислувања и барања, велат од Комората.
Дали новите правила на игра и построгите мерки ќе го заштитат здравјето или ќе го загрозат бизнисот, останува да видиме. Надлежните уверуваат дека стравовите од затворање кафулиња и локали се неосновани и дека станува збор за европски, а не рестриктивен закон, чија цел не е казнување, туку превенција и заштита на јавното здравје. Новиот закон за заштита пушењето кој се очекува да стапи во сила од 1 март.

Казните за прекршување на законските одредби се движат од 2.000 до 3.000 евра за мало правно лице, од 3.000 до 4.000 евра средно правно лице, а од 4.000 до 5.000 евра големо правно лице. Казната за физичките лица ќе биде во износ од 150 до 300 евра.
Иако се отворени за дискусија околу новиот закон за пушењето, сепак властите се цврсти на ставот дека со предлог-законот не се забранува пушењето како навика, туку се воведува ред каде и под кои услови тоа може да се прави.
Една од највидливите промени што ги носи законот е целосната забрана за пушење пред јавни институции – болници, клинички центри, училишта, градинки, министерства и други државни објекти.
Дозвола за пушење ќе има исклучиво на строго дефинирани отворени простори, кои мора да бидат одделени од просторите каде што не се пуши и кои ќе бидат отворени од најмалку 3 страни на кои нема никакви стаклени, или најлонски прегради.