Македонија

Андоновска: Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае (ВИДЕО)

СДС и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост.

СДС и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост.

Во СДС веќе отворено врие. Членови, активисти и поранешни функционери јавно бараат реформи и јасно укажуваат дека Филипче го губи секој легитимитет. Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот резултат во историјата на партијата, тој повторно бега од реалноста и вината ја гледа на друго место.

Филипче нема намера да поднесе оставка, а камоли да покаже доблест. Наместо тоа, продолжува со истите партиски комбинации, истите луѓе, истите матрици. Поставувањето на Трајановски е уште еден обид да се зачува влијанието на Заев, односно она влијание кое ја доведе СДС до колапс.

Граѓаните гледаат дека вакво раководство нема визија, нема сила и нема доблест за промени. СДС со ваков врв оди во уште поголема пропаст.

Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае – изјави Андоновска.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

To top