Македонија

Андовска фасцинирана од „добрите соседи“ што бараат права за Бугарите во Македонија, а имаат 17 пресуди на ЕСЧП за Македонците во Бугарија

Професорката за двојниот аршин кон Македонија и од исток, и од Европската Унија

Професорката и декан на Фаултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, со свое видување за двојниот аршин на „добрите соседи“ од исток, но и на Европската Унија кон Македонија.

Не престануваат да ме фасцинираат изјавите од добрите соседи со барања да се почитуваат малцинските права на Бугарите во Македонија.

Awwww… 🥹❤️

Истите тие, кои имаат 17 пресуди од Европскиот суд за човекови права –
судски одлуки донесени против Бугарија за кршење на правата на македонското малцинство.
Колку такви пресуди има Македонија во однос на правата на малцинствата?
0 (со букви: нула).
И покрај тоа, одговорот од ЕУ е ‘ама вие отворете го Уставот и внесете ги Бугарите’
за воопшто да почнат преговори?!
Хех 😏“, коментира Андовска на 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top