Македонија

Андреј Петров: Претседателот е прв одговорен за поразите на партијата

По катастрофалниот пораз на СДСМ на локалните избори, треба да се вратат внатрепартиските дебати преку кои би испливувале квалитетни кадри на површина

 

 

„Претседателт е прв одговорен во поразите, а во победите заслугата е колективна. Сум бил сведок на повеќе оставки на претседатели на партијата, мачни биле. Брзи одлуки не се потребни, треба да се преспие па потоа со ладна глава да се направи една длабинска анализа“, вели поранешниот градначалник на Карпош и поранешен генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Тема на денот“ на Сител..

Тој додава дека поранешниот претседател Бранко Црвенковски, со низата објавени фотографии во јавноста за време на локалните избори, сака да испрати некаква порака и дека тоа не се одвива случајно баш сега.

Петров додаде дека промената на името не и нанела штета на партијата, затоа што донела добробит за државата, туку во прашање се други грешки кои се правеле од раководството.

Низа корупциски скандали, заборавање на членството – сте ветиле нешто, не сте исполниле, на функции ставате луѓе кои 100 души не ги знаат. Ако во чаршија никој не ви рече добар ден, не сте за политика. Ние имавме дискусии по шест, по седум, осум саати сме останувале на дебати на одборите.

Потребни му се на СДСМ квалитетни луѓе внатре. Во Карпош сум носел 10.000 гласови од нога кога бев во конфликт со Стевчо Јакимовски. 25.000 гласови добивме во 2002, значи 50 отсто од гласачкото тело на Карпош“, рече меѓу другото Петров.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top