Македонија

Ангелов бара пилоти за ер-тракторите

Во овој моментов ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е на аеродром функционален и два се на сервис

Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можности за основна обука на „ер трактори“.

Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, коишто имаат над 300 авио-часови во спортско летање. Притоа, тој имаше извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“, над штипскиот регион.

Во овој моментов ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е на аеродром функционален и два се на сервис, коишто се очекува да пристигнат сервисирани и подготвени за употреба во април, а најдоцна во мај, со што поподготвено ќе се пречека летната сезоната на пожари на отворено.

Најнови вести од: Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

To top