Македонија

Ангелов: Вчера беше најтежок ден во справување со пожариите (ВИДЕО)

Од Центарот за управување со кризи информираа дека до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар

 

„Вчера, доцна попладнето пристигнавме во село Лостени, и она што го затекнавме беше застрашувачко. Огнот беше на само 50 метри од куќите, и имаше зафатено висока сува трева… и се движеше кон куќите. На лице место гаснеа пожарникарите но борбата беше многу тешка, бидејќи линијата на огнот беше многу голема. Голем допринос во гаснењето даде локалното население, а беше ангажиран и тим за брзо распоредување, составен од 20 припадници на доброволното друштво Архангел од Битола, кои помогнаа во гаснење на преостанатите линии“.

Ова го истакна Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување кој вели дека вчерашниот ден бил еден од најтешките ова лето за справуање со бројните пожари кои избувнаа на територијата на Македонија.

„Огнот дојде до првите куќи во Богомила, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите и локалното насление, но и на пожарникарите од Велес кој дадоа голем допринос за најпрво локализирање и потоа и гаснење на пожарот.

Најтешка ситуација имавме во пелагонискиот регион, бидејќи огнот ги загрози селата Ивањевци, Лозани и Новоселани.

Ангелов посебно се заблагодари до локалното население кое несебично се борело со огнот во околината, и истакна дека има едно хоспитализирано лице од изгореници добиени при гаснењето на пожарите.

Воедно тој истакна дека голем придонес во гаснењето на пожарот имал тракторис од локалното насление кој успеал да направи многу за гаснењето на пожарот.

Со трактор влегол во огнената стихија за да го спаси селото Лознани (ВИДЕО)

„Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце (Александар Чепиговски) од с. Ивањевци покажа извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајки се на голем ризик орајки директно низ линијата на огнот со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места“, рече Англеов.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар.

Активни се пожарите во општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола – село Лопатица (ниска вегетација), во општина Новаци – селата Маково, Мојно и Брник (ниска вегетација и деградирана шума), општина Крушево – на потегот од село Алданци до село Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) и во општина Велес – село Слп, каде што со огнот е зафатена шума.

Под контрола се три пожари – депонијата во општина Делчево, во општина Могила – селата Лознани и Вашарејца (ниска вегетација) и во општина Јегуновце – село Копанце (зафатена е шума).

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top