Македонија

Ангелов: Во 2021 година ние, македонските бранители, победивме секаде!

Денес, 25 години подоцна, не треба да дозволиме некои субјекти од албанскиот политички блок да ни се качуваат на глава, само за да освојат глас повеќе, вели поранешниот полициски генерал

Поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов со објава на Фејсбук за 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

ВО 2001-ТА, НИЕ, МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ, ПОБЕДИВМЕ СЕКАДЕ!

Со комуникето број 4 од 23 јануари 2001 година, издадено ден по вооружениот напад врз ПС Теарце во кој еден полицаец загина, а тројца беа ранети, УЧК побара од ‘Славомакедонците’ да ги напуштат вековните албански огништа.
Наместо повлекување, ние, припадниците на македонските безбедносни сили, со наредба на тогашниот државен врв, тргнавме во напад. Војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија, не дозволувајќи да биде отцепена ниту педа македонска земја.
Откако раководството на УЧК увиде дека не можат да се спротивстават на надмоќните македонски безбедносни сили, ја сменија стратегијата, а со тоа и реториката, и наместо борба за територија преку ослободување на ‘вековните албански огништа’, почнаа да зборуват за борба за ‘човекови права’. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници, како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.
Војната од 2001-та имаше неприроден крај. На денешен ден, 13 август 2001-та, под силен меѓународен притисок, беше потпишан Охридскиот рамковен моровен договор. Ние, припадниците на македонските безбедносни сили победивме, изгубија политичарите.
Но, колку тоа да не ни се допаѓаше на повеќето од нас Македонците, на крајот излезе дека најверојатно така било подобро бидејќи во спротивно меѓуетничкото крвопролевање, а со тоа и лудило, ќе добиеше невидени размери, карактеристични за војните на Балканот. Меѓуетничката омраза ќе нарастеше до невидени размери по што ќе беше многу тешко Македонците и Албанците да живеат во заедничка функционална држава.
Но, тоа не значи дека денес, 25 години подоцна, кога процесот на меѓуетничко помирување е во напредна фаза, треба да дозволиме на некои субјекти од албанскиот политички блок да ни се качуваат на глава, само за да освојат глас повеќе кај остатоците од шовинистичкиот и сепаратистички дел од албанското гласачко тело кој, за волја на вистината, денес навистина е мал.
Секој добро информиран граѓанин знае дека со влезот во НАТО границите на ова парче македонска земја на кое е формирана и функционира македонската држава, се обезбедени трајно. Во случај на било каков вооружен бунт или терористички напад од внатре, припадниците на македонските вооружени сили ќе се справат брзо и ефикасно.
Сепак, за крај, јас верувам во Македонија како заедничка држава на Македонците, Албанците и сите останати делови од народи кои живеат во неа. Македонија е наша заедничка држава, наша заедничка татковина. Затоа сите заедно да се бориме за подобро утре и да не дозволиме злоупотреба на меѓуетничките односи заради ситни дневно политички цели“, напиша директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Најнови вести од: Македонија

„До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“ – Ивановска Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно

Добро би било градоначалникот да ја научи историјата на градот, особено за периодот кога се иселувале селата Долно и Горно Водно и се пошумувало брдото за да не го поплавува градот

250 илјади евра за настани во еден ден – Како се организирала прославата за поканата за членство во НАТО во 2018 г.

Задолженијата и одлуките биле донесени четири дена пред настаните, дел од постапките биле почнати истиот ден кога се донесени заклучоците од Владата, а договорот за техничката опрема бил потпишан еден ден пред настаните

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен

Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација

Љубчо Георгиевски смета дека скандалозниот испад на Костадинов е добра иницијатива

Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик. Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија – смета Љубчо

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори

Сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС и ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци

Најнови вести

To top