Македонија

Анкета на НАТО: Македонија меѓу членките со зголемена поддршка за Русија и за Кина

Македонија, сепак, не е исклучок, бидејќи на ниво на Алијансата е забележан раст на позитивниот став кон двете земји-закани

Македонија е меѓу членките на НАТО во кои е зголемена поддршката за Русија и за Кина, покажуваат податоците на интерната анкета на Алијансата до кои дошол порталот „Политико“.

Според анкетата, 17 проценти од луѓето во членките на НАТО сега имаат позитивен став кон Русија, во споредба со 12 отсто минатата година, а 56 проценти гледаат негативно на Русија, во споредба со 62 отсто во 2025 година. Поддршката за Москва е највисока во Црна Гора, Бугарија, Македонија, Турција и Грција.

Во меѓувреме, 22 проценти од граѓаните на НАТО сега гледаат позитивно на Кина, во споредба со 17 отсто минатата година. Уделот на оние кои го гледаат Пекинг негативно се намали од 47 проценти на 39 проценти. Поддршката е највисока во Македонија, Црна Гора, Бугарија, Словенија и Турција, пишува „Политико“.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top