Македонија

Анкета: Секој втор би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, секој десетти за СДСМ

СДСМ ќе мора да почека подобри времиња и анкети

Ако утре има избори секој втор гласач би гласал за ВМРО-ДПМНЕ а секој десетти за СДСМ покажува последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн.

Анкетата за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, е спроведена од 2 до 18 март. Таа покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачката партија има рејтинг кој и натаму е недостижен за опозицијата.

24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговориле дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ.

Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1…

28,1 отсто од испитаниците одговориле дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“.

Повеќе од половина од испитаниците кои се изјасниле за конкретна политичка партија на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11,5% се определиле за Вреди, 11,1% за СДСМ, 10,9% за ДУИ, 7% за ЛЕВИЦА, 4,8% за ЗНАМ…

Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top