Македонија

Апелација ја зголеми казната на Васил Јованов

Апелациониот суд Скопје ја преиначи првостепената пресуда и ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Апелациониот суд Скопје ја преиначи првостепената пресуда и ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Во соопштението од судот се наведува дека по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, пресудата на Основниот кривичен суд е преиначена во делот на санкцијата, со што Јованов е осуден на 13 години затвор. Во останатиот дел, првостепената пресуда е потврдена.

Првостепено, во мај 2025 година, Јованов беше осуден на 12 години затвор, пет години забрана за управување возило и парична казна. Судот тогаш ги зема предвид признанието на вина и каењето како олеснителни околности, додека отежителни беа возењето без дозвола, под дејство на алкохол, преминувањето на црвено светло и претходна осуда за трговија со дрога.

Трагичната несреќа се случи на 29 јануари 2025 година на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, кога Јованов со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под влијание на алкохол, помина на црвено светло и удри во 22-годишната Фросина Кулакова, која поминуваше на зелено. Таа починала на лице место.

За ова дело е предвидена казна до 20 години затвор.
Паралелно, против таткото на Јованов, Зоран Јованов, се води постапка за „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, бидејќи му дозволувал на синот да вози без дозвола, знаејќи за неговите претходни прекршоци.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top