Македонија

Арифи: Ерата на Ахмети е завршена, сега се бори за преживување и зачувување на богатството и влијанието, а не за заштита на интересите на Албанците!

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе не може да дише дома, затоа се обидува да добие политички кислород во Тирана и Приштина. Бара поддршка од странство, бидејќи тука, меѓу Албанците кои некогаш му веруваа, довербата згаснала. Ахмети пројавува страв од правдата, дека ќе ги загуби тендерите, моќта, привилегиите и незаконски стекнатото богатство. Затоа се свртува кон носталгијата за војната и шири омраза.“ – нагласува Латиф Арифи, националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија, реагирајќи остро кон најновиот „Почесен докторат на науки“, што му го додели Европскиот универзитет во Тирана деновиве на шефот на интегративците“, поради „неговиот придонес кон правата на Албанците во ‘РСМ’.

Во колумната со наслов „Лидерот кој повеќе не зборува во име на народот, туку за себе. Приказна за еден тажен политички крај“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Фол“, Латифи пишува: Во политиката има моменти кога почестите го губат своето значење и се претвораат во фарса. Секојпат кога се приближуваат избори Али Ахмети му се навраќа на истото сценарио: одликувања, титули „почесен доктор на науки“, помпезни церемонии на универзитетите кои за еден ден ја забораваат својата образовна мисија и се претвораат во алатки на партиска пропаганда.

Наместо да се чествуваат истражувачи, иноватори, или личности кои донеле напредок, се чествува Ахмети за „историски заслуги“, кои не знае ниту тој како да ги образложи, да ги оправда. Одликувањата повеќе не се знак на почит, туку политички кислород за лидерот, кој чувствува дека времето му се лизга од рацете. Тие одликувања се маскирање, а на за заслуга. Во секоја нормална земја титулите се доделуваат за знаење, за дела и жртвување. Кај нас тие се доделуваат, за да се спаси сликата на истрошен лидер, кој ја изгубил врската со реалноста. Од фасадите на универзитетите пропагандната сцена се заменува со изборни конвенции.

Таму каде што порано се зборуваше за надеж, денес се слушаат зборови што ѝ служат само на омразата. Наместо расправии – навреди. Наместо аргументи – клевети. Наместо планови за развој – лични судири. „Загари, лакеи.“ – вака се изрази Али Ахмети на последната конвенција на Националната алијанса за интеграција (НАИ) кон политичките противници и, всушност, кон секој граѓанин, кој не е на негова страна. Ова не е речник на лидер, туку на човек, кој ја изгубил емоционалната контрола. Тој повеќе не зборува со убедување, туку со страв.

Ахмети пројавува страв од губење на моќта. Страв од губењето на привилегиите. Ахмети пројавува страв од правдата. Бидејќи кога моќта се гради врз непотизам, роднинство, врз тендери и нелегално богатство, секој збор јавно во јавноста се претвора во штит од стравот за утрешнината. Немајќи политички став, Ахмети се свртува кон носталгијата за војната. Наместо да претставува кандидати, тој зборува за себе. Наместо да зборува за иднината, тој се врти околу сеќавањата на минатото.

И кога повеќе не може да дише дома, во земјата, се обидува да добие политички кислород во Тирана и Приштина, барајќи поддршка од странство, бидејќи тука, меѓу Албанците кои некогаш му веруваа, довербата згаснала. Но, во суштина, ова повеќе не е политика, туку борба за лично преживување. Ова е битка за зачувување на богатството и влијанието, а не за заштита на интересите на Албанците. Зборовите за „дискриминација“ е само ‘чадна завеса“, за да се скрие стравот од губење на моќта и на финансиската контрола, кои го одржуваа во живот неговиот систем две децении.

Како што одминува времето минува зборувањето на Али Ахмети на политичката сцена се претвора во негов носталгичен монолог. Тој нема повеќе енергија, нема харизма, ниту идеи. Само се обидува да ја продолжи ерата, која е веќе завршена. На секое јавно појавување, тој изгледа како човек кој се обидува да го одржи здивот жив со големи зборови, но кој не убедува никого, дури ни себеси. Целата оваа негова претстава пред сопствениот крај, поткрепена од сенките на листата на „непожелните личности“, кои се кријат зад сцената, покажува дека Али Ахмети повеќе не е симбол на надеж, туку симбол на страв од крајот.

Неговите говори повеќе не вдахновуваат, туку заморуваат. Неговите изјави не заживуваат верба, туку иронија. Оној кој некогаш стоеше како водач на надежта, денес стои како заложник на стравот, стравот од загубата, од заборавот, на стравот од правдата. Историјата не ги памети, оние кои не се повлекле на време. Ги споменува како примери за тоа како долгорочната моќ, без самоконтрола, се претвора во лична трагедија. Ова е случајот со Али Ахмети денес: крај без слава. – заклучува Латиф Арифи во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top