Македонија

Авион принудно слетал во Скопје- му се слошило на копилотот

Копилотот бил згрижен по пристигнувањето

Авион на турската авиокомпанија „Сан Експрес“, кој летал од Келн за Анталија, на 2 ноември бил пренасочен кон скопскиот аеродром поради влошена здравствена состојба на копилотот.

Екипажот прогласил итна состојба и побарал слетување во Скопје, по што авионот безбедно слетал во 05:06 часот.

Леталото полетало од аеродромот Келн/Бон кратко по 03:00 часот. За време на летот над Балканот, екипажот го активирал кодот 7700, со кој се означува итна ситуација. Според информациите на германската телевизија РТЛ, копилотот имал болки во стомакот и главоболка.

По слетувањето му била укажана медицинска помош, но не биле соопштени дополнителни детали за неговата состојба.

Патниците подоцна го продолжиле патувањето со друг авион „Боинг 737-800“, кој пристигнал од Виена. Во Анталија слетале околу 16:20 часот по локално време, наместо првично планираните 08:20 часот.

Од „Сан Експрес“ потврдиле дека пренасочувањето било од медицински причини и дека слетувањето во Скопје поминало безбедно.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

To top