Македонија

Авиони повторно не можат да слетаат во Скопје, еден од нив цел час кружел па бил пренасочен

Поради влошените метеоролошки услови, односно поради опасен метеоролошки феномен познат како „смикување на ветерот“ (wind shear), кој претставува сериозен ризик при слетување, неколку авиолинии беа пренасочени кон соседните држави.

Повторно проблеми над македонското небо, слично како пред извесно време. Попладнево повторно има сериозни нарушувања во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Поради влошените метеоролошки услови, односно поради опасен метеоролошки феномен познат како „смикување на ветерот“ (wind shear), кој претставува сериозен ризик при слетување, неколку авиолинии беа пренасочени кон соседните држави.

Според првичните информации, летовите од Истанбул и Венеција не успеале безбедно да пријдат кон скопската писта и истите се упатиле кон Приштина.

Особено драматична била ситуацијата со авионот од Венеција, кој повеќе од еден час кружел над Скопје пред да биде пренасочен.

Најнови вести од: Македонија

Елитен полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед!

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. МВР покрена и дисциплинска постапка.

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

To top