Македонија

Азизи од Вреди со тешки обвинувања до Ахмети: Ти не си орел, туку убиец на орли! Убија и твоите загари многу команданти на УЧК по војната!

Шефот на Централниот изборен штаб на Вреди Аднан Азири на изборната конвенција на неговата коалиција во салата „Борис Трајковски“ во Скопје упати серија тешки обвинувања до лидерот на ДУИ Али Ахмети дека сноси „одговорност за повоените убиства на многу вистински команданти на УЧК“, со што иронизираше со неговата улога како „Врховен командант на УЧК“ во 2001 година, едновремено нарекувајќи го со „корупциски прекар“ „Соравија“!

„Во говорот за време на митингот на Вреди, што се одржа вечерва во салата ‘Борис Трајковски’ во Скопјe, шефот на изборниот штаб на оваа коалиција Аднан Азизи упати тешки обвинувања против лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и неговите соработници вклучени, според него, во атентатите и елиминациите на клучни личности од албанската војна и албанскиот отпор на УЧК во С.Македонија.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот.“.

Натаму порталот пишува: „Соравија, ти не си орел – ти си убиец на орли! Твоите соработници и кучиња го убија командантот Тели!“ – му порача на Азизи на Ахмети.

Тој продолжи со долг список на познати личности од ОВК и повоените структури, кои, според него, биле ликвидирани по војната од соработниците на Али Ахмети. „Твоите соработници и загари ги убија вистинскиот командант Харун Али, Шабан Зенуни, Џафа и го ликвидираа командантот Ридван Незири.“ – додаде Азизи во говорот, што беше поздравен со овации од публиката. – објави „Тетова сот“.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top