Македонија

Азизи за НАИ на Ахмети и ДУИ: Заради власт подготвени се да поттикнат убиство меѓу народот, меѓуетничка омраза и судир сè до дестабилизација на земјата!

„Залудно ви е, веќе е запечатен вашиот политички крај!“ – им порача преку фејсбук пратеникот во Собранието на Македонија и шеф на Централниот изборен штаб на Вреди Аднан Азизи на ДУИ на Али Ахмети и другите партии во нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ).

„За да дојдат повторно на власт од Националната алијанса за интеграција (НАИ) се подготвени да поттикнат убиство меѓу народот! Клеветите, измамите и манипулациите ним им се единствено средство за преживување, дури и преку поттикнување омраза меѓу граѓаните и меѓуетнички судир сè до дестабилизација на земјата!“ – со ова жестоко обвинување Аднан Азизи, пратеник во Собранието на Македонија и шеф на Централниот изборен штаб на Вреди, ги нападна ДУИ на Али Ахмети и другите партии, кои се дел од опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Порталот ја пренесува пораката на Азизи до Националната алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети, објавена на фејсбук: „Националната алијанса за интеграција на зулумот ја губи секојдневно поддршката на терен. Секој ден се соочуваат со напуштање на структурите, нивните членови и поддржувачи постојано си заминуваат, додека Вреди расте од ден на ден. Овој факт им предизвикува паника и стрес, поради што целосно ја изгубија својата ориентација.“

„Затоа, наместо да се движат кон иднината, зборувајќи за идеи, конкретни планови и проекти, тие се занимаваат со клевети и измами. Сега се плашат од следната загуба, што ќе ги потопи засекогаш, откако им излезе на површина секој национален неуспех, дека 22 години не направиле ништо за Албанците и за народот, туку само за себе.“

„Поради сите овие околности, тие ги гледаат клеветите, измамите, манипулациите како единствено средство за преживување, дури и преку поттикнување омраза меѓу граѓаните и меѓуетнички судир сè до дестабилизација на земјата. Тие продолжуваат со старите југословенски политики: за парче власт се подготвени да поттикнат убиство меѓу народот!“

„Залудно ви е, веќе е запечатен вашиот политички крај!“ – објави Аднани Азизи на општествената мрежа фејсбук, пренесе „Фол“.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top