Македонија

Бара повисока плата за себе и укинување на зголемувањето на пензиите

Уставната судијка бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на линеарното зголемување на пензиите

 

Добрила Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, и се причина за доверба од 2 проценти во правосудството.

„СДС молчи додека нивната маша во Уставниот суд, Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на зголемувањето на пензиите од 7.000 денари.

Кацарска има двојни мерила и стандарди, за себе и судиите бара повисока плата и привилегии, а за пензионерите укинување на покачувањето на пензиите“ велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека токму поради тоа, неопходни се реформи во правосудството, за да се обезбеди поефикасен и праведен систем неопходно е да се врати  довербата на граѓаните во институциите.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top