Македонија

Барања, закани и предупредувања на протестот на студентите-Албанци: Држава што не ги спроведува правата не може да постои! – За албанскиот јазик не се преговара!

Во Скопје денеска се одржа студентски протестен марш, на кој студентите-Албанци протестираа, поради, како што тврдеа, „неспроведување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит“. Маршот започна од плоштадот „Карпошово востание“, продолжи преку Камениот мост и заврши пред Министерството за правда, каде што беше побарана оставка на ресорниот министер Игор Филков. Информативната агенција Нетпрес извести дека со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, студентите протестираа, барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Не беше видено македонско знаме, знамето на државата Македонија, во чиј главен град Скопје се протестираше и се бараше односната употреба на албанскиот јазик.

Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од овој протест објави: Студентите побараа оставка од министерот за правда Игор Филков, инсистирајќи на „почитување на законските одредби и обезбедување рамноправност“. „Филков, оставка!“ и „За албанскиот јазик нема преговори!“ – ова беа главните пораки што доминираа на протестот на студентите-Албанци денес во Скопјe. Тие студенти од три универзитети – Универзитетот во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот Мајка Тереза ​​– се придружија на овој протест, барајќи „испитот по право да се одржи на албански јазик, како право загарантирано со закон“.

Демонстрантите побараа оставка од министерот за правда, Игор Филков, по неговите изјави дека нема да дозволи испитот да се одржи на албански јазик. Студентите нагласија дека „нивното барање е јасно: целосно спроведување на Законот за употреба на јазиците“. Еден од главните гласови на протестот, студентот Мевлан Адеми рече дека овој „протест е резултат на неправда што не требало да постои во 2026 година“, нагласувајќи дека „држава што не ги спроведува правата не може да постои!“

„Овој протест требаше  некогаш порано да се случи. Не требаше да се помисли дека во 2026 година студентите ќе излезат на улица, поради својот јазик. Пред да бидеме студенти и професионалци, ние сме Албанци. Албанскиот јазик не е само начинот на кој зборуваме, туку начинот на кој постоевме и стигнавме до тука. Албанскиот јазик не е предмет на преговори. Ние сме студенти по право – утре ќе го браниме законот, но денес го бараме нашето право на мајчин јазик. Држава што не ги спроведува своите права не може да постои!“ – изјави Адеми.

Студентот Бесар Сејдиу нагласи дека „нивното барање е минимално и целосно законско“. „Нашето барање е едноставно: почитувајте го Уставот и законот – ни повеќе, ни помалку. Нашите колеги имаат право да полагаат правосуден испит на албански јазик. Секое одложување е обид да се негира ова право.“ -, изјави тој. На крајот од протестот, студентите испратија „јасна предупредувачка порака до институциите“: „Ќе се вратиме повторно, ако не се реши прашањето за правосудниот испит на албански јазик“ – објави ИНА.

Најнови вести од: Македонија

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ (по чл. 353 в, став 1 во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ).

Украинка (27) во Атина паднала од 4 кат на балконот од 3 кат, се вратила дома и паднала од друга тераса овојпат на паркинг!

Грчката полиција истражува необичен случај кога жена два пати падна од балкон на зграда во Маруси, предградие на Атина. Дваесет и семгодишната жена од Украина е пренесена во болница со сериозни повреди и е во критична состојба по операцијата, а нејзиниот 29-годишен сопруг, по потекло од Русија, веднаш е уапсен поради сомнеж за семејно насилство. Настанот се случи во неделата вечерта.

Нова ера на пренос на спортови: Galaxy S26 Ultra носи нови перспективи, внесувајќи ги камерите во самата акција

Снимајќи нови агли како никогаш досега, професионалното снимање на Galaxy S26 Ultra го трансформира начинот на кој скејтбордингот се снима, доживува и пренесува во реално време

Муцунски на чело на висока владина делегација на втора средба во Вашингтон за стратегискиот дијалог меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, каде што ја предводи високата владина делегација на втората средба за стратегискиот дијалог меѓу двете земји, која ќе се одржи утре.

Скопјанецот С.Д. (54) бил нападнат од Ј.М. (29) од Крива Паланка, па потоа го истепал него, брат му и другарот!

Вчера на 5 април 2026 година околу 22 часот во СВР Скопје С.Д. (54) од Скопје пријави дека околу 21 часот во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ј.М.(29) од Крива Паланка.

Од 10 април 2026 почнува електронската евиденција за македонските граѓани за влез во ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната примена на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System). Со тоа на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење“, незаконски назначил в.д. директор на „Водовод и канализација“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

To top