Македонија

Без зимска опрема во возилата – казна од 45 евра

Обврската за задолжителна зимска опрема за возилата трае до 15 март следната година

 

За непочитување на обврската следува глоба од 45 евра.

„За да ги избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: за возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег, за возила со погон на сите тркала (4х4) – зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег, возила над 3.500 кг – зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег” информира АМСМ.

Автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како што е лопата, ако не можат да користат синџири за снег.

Најнови вести од: Македонија

Виничанецот Јован Костадинов (20), кој спаси 21 живот во смртоносната трагедија во „Пулс“ во Кочани, добитник на шведската награда „Младинска храброст“ за 2026!

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на “Наградата за младинска храброст“ („Young Courage Award“). Меѓу годинашниве добитници на таа меѓународна за 2026 е и Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Велјановски: Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, која станува попривлечна за долгорочни, стратегиски и технолошки напредни вложувања!

„Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево се новите инвестиции за посилна македонска економија. Покрај компаниите, кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции. Напоредно Владата води преговори со нови компании, кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Најнови вести

To top