Македонија

„Безбеден град“ официјално ќе стартува од 1 февруари

Има потреба од дополнително време за тестирање и калибрирање на новиот безбедносен систем

Министерството за внатрешни работи, соопшти дека проектот „Безбеден град“ официјално ќе биде пуштен во работа на 1 февруари 2026 година, пренесе „360 степени“.

Ова значи дека системот нема да започне со функционирање на првично најавениот датум – 1 јануари 2026, туку неговото активирање се одложува за еден месец.

Како што наведува „360 степени“, ваквото поместување укажува дека МВР има потреба од дополнително време за тестирање и калибрирање на новиот безбедносен систем. Одложувањето следува и по новинарското тестирање на платформата, кое покажало дека системот сè уште не е целосно подготвен за оперативна функција.

Од Министерството засега не откриваат конкретни детали околу досегашните резултати од тестирањето, но уверуваат дека проектот ќе биде пуштен во употреба само кога ќе биде технички стабилен, сигурен и целосно функционален.

„Безбеден град“ се смета за еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на јавната безбедност, кој опфаќа поставување нови системи за видео-надзор, автоматски технологии за препознавање и поефикасна комуникација меѓу службите.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top