Македонија

„Безбеден град“ стартуваше со шок: 65.000 казни за половина ден

Во првите 12 часа од пробното палење на системот „Безбеден град“ – камерите регистрираа 65.000 прекршоци. Да, прочитавте точно: шеесет и пет илјади за половина ден.

facebook.com/mvr.gov.mk

Во првите 12 часа од пробното палење на системот „Безбеден град“ – камерите регистрираа 65.000 прекршоци. Да, прочитавте точно: шеесет и пет илјади за половина ден.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека од тој број 2.800 возачи поминале на црвено светло, а 1.000 управувале нерегистрирани возила. Бројката е толку висока што звучи нереално – но токму таа е и најсилниот доказ зошто системот беше итно потребен.
„Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање. Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана зона или пат надвор од населено место“, порача Тошковски.
Тој ја нарече бројката „алармантна“, но и „очекувана“, бидејќи конечно се мери вистинската состојба на македонските улици. „Оваа статистика не е за да не казниме, туку за да не разбудиме. ‘Безбеден град’ е инвестиција во спасени животи“, додаде министерот.
Од денеска секој прекршок стигнува со СМС и е-пошта. Половина глоба ако платите за 8 дена. Целосна ако чекате подолго. Нема веќе „не ме видеа“. Ве видеа. И ќе ве видат повторно – секој ден, секаде.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top