Македонија

БГНЕС: Марта Кос „работи“ во корист на политичката елита во Скопје

Европската комесарка целосно и некритички ги повторува антиевропските наративи на политичката елита во Скопјe, што ја става во подредена положба дури и пред третокласни лидери како Христијан Мицкоски, пишува БГНЕС Според бугрсската агенција „скандалозното било однесување на европската комесарка за проширување Марта Кос во последните месеци ги оживеа долгогодишните сомнежи за нејзините врски со југословенската […]

Европската комесарка целосно и некритички ги повторува антиевропските наративи на политичката елита во Скопјe, што ја става во подредена положба дури и пред третокласни лидери како Христијан Мицкоски, пишува БГНЕС

Според бугрсската агенција „скандалозното било однесување на европската комесарка за проширување Марта Кос во последните месеци ги оживеа долгогодишните сомнежи за нејзините врски со југословенската државна безбедност – УДБА.

Прашањата што се вртат околу нејзината личност повторно излегуваат на виделина откако таа покажа целосна неспособност – или можеби неподготвеност – да го брани паневропскиот интерес во Западен Балкан.

Покрај тоа – Кос целосно и некритички ги повторува антиевропските наративи на политичката елита во Скопјe, што ја става во подредена положба дури и пред третокласни лидери како Христијан Мицкоски. Во однос на с.Македонија, европскиот комесар не само што не го бранеше европскиот консензус од 2022 година, туку директно ја усвои реториката на скопските политичари за таканаречената „билатерализација“ или „билатерален проблем“ со Бугарија – неприфатлива позиција за европски комесар, што е директно кршење на интересите што треба да ги штити.

….

Пред одложеното гласање за извештајот за с. Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Марта Кос му рече на истиот комитет дека ЕК бара начини за поедноставување на процедурите во процесот на пристапување кон блокот, тврдејќи дека „билатералните спорови“ би можеле да влијаат на процесот. Таа дури си зеде слобода да ги понуди своите услуги во „дијалог“ меѓу Скопје и Софија, оценува БГНЕС.

„Ова не е билатерален спор, туку за заклучоците на Советот на ЕУ за 2022 година и Преговорната рамка“, одговори европратеникот Андреј Ковачев (ГЕРБ/ЕПП), нагласувајќи дека властите во Скопје го трошат драгоценото време на своите граѓани со тоа што одбиваат да ги исполнат своите обврски. „Вие многу добро знаете дека ова не е билатерален спор“, додаде тој, обраќајќи се кон Кос.

Европатеникот Ивајло Валчев (EKR/ITN) го изрази своето збунување од тоа како премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, дознал и коментирал за амандманот на извештајот за напредокот на Скопје, предложен писмено од него, уште следниот ден.

Уште во септември минатата година, голем број европски медиуми се сомневаа во квалификациите на Кос за таа позиција. Вознемирувачки податоци за нејзиното минато открија нејзините сонародници – политичари од Словенија, земјата со најголем број агенти на УДБА по глава на жител во историјата.

„Еуроњуз“ во тоа време откри дека многу европратеници, благо речено, биле загрижени за можноста вработен во тајната полиција да држи толку клучна позиција.

Марта Кос ќе “олеснува” Македонија да направи уставни измени

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top