Македонија

Бислимовски: За да нема загуби, РКЕ да ја определува цената на водата за пиење

Неопходно е Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) да ја определува конечната цена на водата – изјави шефот на РКЕ, вели Марко Бислимовски потенцирајќи дека ова било клучното барање на учесниците на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“ во организација на Здружението на даватели на комунални услуги […]

Неопходно е Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) да ја определува конечната цена на водата – изјави шефот на РКЕ, вели Марко Бислимовски потенцирајќи дека ова било клучното барање на учесниците на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот
сектор“ во организација на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ.

Бислимоски вели дека е „потребно е двотретинско мнозинство со кое ќе се донесат измените на законите во оваа област и ќе се овозможи РКЕ, наместо советите на општините да ја утврдува конечната цена на водата. Начинот на кој сега се определува цената, не е во ред: долга е процедурата, поделена е во повеќе фази и не го дава посакуваниот резултат.

Ние заедно со АДКОМ ќе поднесеме иницијатива до Собранието, за да отпочне процедурата за промена на законската регулатива. Имаме методологии, кои се поттикнувачки и веруваме дека ќе влијаеме на подобрување на економските перформанси на претпријатијата, оптимизирање на нивната
работа и намалување на загубите на водни услуги “ изјави претседателот на РКЕ.

Неопходни се стабилни и самоодржливи јавни комунални претпријатија (ЈКП), за да се направи промена на дотраената водоводна инфраструктура, што пак ќе влијае врз намалувањето на загубите.

„Ние немаме Б опција да работиме без јавните комунални претпријатија. Мора да поставиме систем кој ќе биде економски одржлив, а не да се одржува врз основа на донации. Да ги поттикнеме оптимално да работат, но и да се остави можност да направат профит, пари кои ќе ги инвестираат во енергетска ефикасност и во нови капацитети за обновливи извори.“ изјави Бислимоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top