Македонија

Божиќно човекољубие на дело: велешанецот Лучијано Чорев подели 900 оброци на сограѓани на Бадник! (видео)

Големото срце на младиот велешанец, преполно со милосрдие и хуманост, основните човекови доблести, толку потребни денес, кои ги пројавува токму за Бадник и Божиќ!

„Велешанецот Лучијано Чорев по вторпат и годинава подели бадникови оброци за своите сограѓани, случајни минувачи во центар на Велес, пред поранешната Стоковна куќа „На-ма“. Слава на Бога“! – објави  на својот фејсбук-профил Славица Ќулафкова од Радио „Голди“.

Чорев истакна дека сака вечерва на Бадник да има посна трпеза во сечиј дом во Велес.

Денешната убава глетка кога млад сограѓанин подарува храна нека биде мотивирачка за колку е можно поголем број велешани. Вакви хумани гестови, за одредена ранлива категорија сограѓани, се потребни речиси секојдневно. Тие се особено значајни кога се слават празници, меѓу нив и најголемите како Божиќ и Велигден кога не треба да остане празна трпезата во ниеден дом!

„Дума“

Видео

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top