Македонија

Божиновска: Од 1 септември Законот за возила ќе се применува според европските стандарди

По 17 години, Законот за возила конечно ќе почне правилно да се применува. Од 1 септември 2025 година стартуваат измените во постапките за одобрување возила, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која денеска одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила. Новините предвидуваат забрзување и поедноставување на […]

По 17 години, Законот за возила конечно ќе почне правилно да се применува. Од 1 септември 2025 година стартуваат измените во постапките за одобрување возила, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која денеска одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила.

Новините предвидуваат забрзување и поедноставување на процесот за одобрување типови возила, гарантирање разумни цени за потврди за технички карактеристики и враќање на околу 1,3 милиони евра кај македонските компании, со тоа што процесот ќе се регулира преку домашни овластени застапници.

“Со ова се воспоставува доверба меѓу институциите, застапниците и граѓаните. Законот конечно ќе се применува според европските стандарди, создавајќи фер, транспарентен и европски систем во кој граѓаните се заштитени, а македонските компании добиваат фер услови,“ истакна Божиновска.

Најнови вести од: Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

To top