Македонија

Божиновски: Извини особо шо не ти се слави оти си видела некој погрешно паркиран па „значи ова нигде го нема, значи, не треба да постоиме“

Писателот и сценарист до мрчаторите зошто се славеле 35 години независна Македонија

Писателот и сценарист Божидар Божиновски во свој стил го коментира мрчењето на тие што сметаат дека Македонија била толку за никаде што немала причини за славење 35 години независност.
„Колку за перспектива за независноста:
Пред 120 години, 1906: После Илинденското востание уште не е консолидиран македонскиот отпор па низ Македонија пљачкосуваат и грчки, бугарски и српски чети и пропаганди. Се разбира тука се и османлиите кои вршат репресии, палат села, ограбуваат. Страдањето е пеколно.
Пред 110 години, 1916: Македонија е во крв до колена во Првата светска војна, Македонците се регрутирани во сите војски да се борат и гинат за други држави. Битола е разрушена 80% во постојани гранатирања и е еден од ретките примери каде се користи хемиско оружје против цивили, германските и бугарските трупи гранатираат со боеви отрови, многу семејства криејќи се од гранатите во подруми се задушуваат од хемиското оружје.
Пред 100 години, 1926: Македонија е дел од Кралството СХС, непризнаена ни како посебна територија, ни народ, ни јазик. Државниот апарат се користи и за репресија кон Македонците и за етнички инжењеринг преку србизирање на имиња и презимиња, доселување на наставен кадар и администрација од Србија. Секој обид за каква и да е можност дури и за културен напредок завршува со апсења, убиства. МПЦ станува дел од СПЦ, одлука која еден век ќе е проблем иако по налог на Тито МПЦ е возобновена во 1967 и покрај силното спротиставување на СПЦ.
Пред 85, 1941: Македонија потпаѓа под бугарска фашистичка власт, следи обид за бугаризирање на Македонија преку промена на имиња и презимиња, преку настава и административно. Тие се години каде што овде се случуваат најгнасните злосторства каде што со невидена свирепост бугарските војници и жандрми убиват и млади и стари и деца и жени. Тогаш 7.315 Евреи се однесени во концентрационите логори, а вкупната бројка на загинати во Втората светска војна е околу 20.000.
Извини особо шо не ти се слави оти си видела некој погрешно паркиран па ,,значи ова нигде го нема, значи, не треба да постоиме”“, коментира Божиновски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

To top