Македонија

Британски професор ѝ се сити на Грција за Елгиновите мермери и поради Македонија

Марко Атила Хоаре го оправдува ставот на британскиот премиер и со грчкото малтретирање на северниот сосед

Марко Атила Хоаре, британски професор по балканска историја, го поддржува премиерот Енди Барнам да не ѝ ги врати Елгиновите мермери на Грција, како една од причините наведувајќи го и грчкото малтретирање на Македонија.

„Браво, премиере. Грција ја поддржуваше агресијата и геноцидот на Милошевиќ во текот на 1990-тите и со децении немилосрдно ја малтретираше Македонија за да го промени своето име. Ги крши санкциите кон Русија и нема да ја признае независноста на Косово. Ги крши правата на своите турско и македонско малцинство, одбивајќи да го признае нивното етничко постоење и спротивставувајќи се на пресудите на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на нив. Апсолутно не треба да ѝ се вратат Елгиновите мермери додека не се поправи“, порача Хоаре на Икс.

„Со тоа што ѝ дозволи на Грција да ја држи Македонија надвор од НАТО и ЕУ со децении поради спорот за името, Западот испрати јасна порака: ‘Земјите-членки можат да ги злоупотребат нашите процеси на пристапување за да ги спроведат своите ситни, глупави, злобни националистички вендети’. Слушајќи ја оваа порака, Бугарија го презеде малтретирањето на Македонија, додека Турција и Унгарија ги попречија Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО. Смирувањето на ‘сојузничките’ насилници нè чинеше“, коментира професорот во поврзана објава со претходната.

Најнови вести од: Македонија

Завршува сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“

Од 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

To top