Македонија

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

„Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.“ – изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

Изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, според напишаното, доаѓа како одговор на пратеничките прашања во врска со моментната состојба на двостраните односи и европската интеграција со западниот соседи.

Министерката Петрова, пишува БГНЕС, негираше дека Бугарија е во процес на дискусија или консултации за „промена на веќе утврдените услови и обврски преземени од Скопјe“. Ставот на Софија останува непроменет: „спроведувањето на договорот во 2022 година е најдиректниот и единствен можен пат за Република Македонија да напредува кон членство во ЕУ“, рекла Петрова.

Според нејзината изјава, „Бугарија не поставува нови барања надвор од општоприфатената европска рамка, туку инсистира на строго почитување на досега потпишаните договори и гарантирање на правата на Бугарите во соседната земја.“

Во рамките на парламентарната контрола, министерката за надворешни работи „ја бранеше доследноста на бугарската надворешна политика“, нагласувајќи дека „градењето трајно добрососедство и доверба може да се случи само преку реални акции и спроведување на обврските, преземени од страна на Скопје.

Најнови вести од: Македонија

To top