Македонија

Бугарија е пример за добар етнички модел во Европа, се пофали Јотова во Њујорк

Бугарската претседателка се пожали од Македонија пред високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк

Со кој и да се сретне во последно време бугарската претседателка Илијана Јотова не пропушта да се пожали од Македонија, па така беше и на средбата со високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Фолкер Тирк во Њујорк, на која, пак, ја пофали својата земја.

„Бугарија е пример за добар етнички модел во Европа“, истакнала Јотова пред Турк, според соопштението на нејзиниот кабинет, во кое не е објаснето на што точно мислела шефицата на бугарската држава.

Честитајќи му на Тирк за неговата активна работа во заштитата на човековите права, таа само додала дека „човековите права не се дадени еднаш засекогаш и ние мораме постојано да се бориме за нив, особено во контекст на конфликтите од последните години. За жал, ги напуштаме веќе усвоените документи во нивната заштита“.

Затоа, пак, Јотова уште еднаш експлицитно ја нападна Македонија, во која, според неа, „продолжува да се врши систематски институционален притисок и дискриминаторски третман врз основа на етничко потекло“, наведувајќи го како пример случајот со Ива Михајлова.

„За нас е неприфатливо во 21. век луѓето да бидат отпуштени од работа или да не бидат примени на универзитет поради нивното потекло, да бидат тепани поради нивното бугарско потекло. Во Северна Македонија ќе стапи на сила и ретроактивен закон, кој ќе ја наруши нивната слобода на здружување“, истакна претседателката на Бугарија, која со шефицата на дипломатијата Велислава Петрова е во Њујорк за заседанието на Генералното собрание на ОН.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top