Македонија

Бугарија немало да ја предаде Михаилова на – српските власти?! (ВИДЕО)

За министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, „не е толку голема грешка“ што македонските власти ги замени со српските

Нова тешка навреда за Македонија од Бугарија дојде од бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој порача дека неговата земја немало да ја испорача бегалката од македонската правда Ива Михаилова на – српските власти?!

Потпрашан од водителот на подкастот на кој гостуваше, бугарскиот новинар Мартин Карбовски, да не станува збор за лапсус, бидејќи потерница за Михаилова има од Македонија, Демерџиев одговори дека тоа што го рекол било грешка, но „не толку голема грешка“!

Првиот бугарски полицаец уште еднаш повтори дека не ја бараат, ниту имаат намера да ја екстрадираат Михаилова, и покрај меѓународната потерница од Македонија, бидејќи таа била и бугарска државјанка.

„Одговорот е негативен – ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти“, рече Демерџиев во поткастот на Карбовски околу 2 минути од почетокот на видеото:

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

To top