Регион

Шефот на полицијата во Русе крвнички претепан од четворица младинци!

Напаѓачите излегле од автомобил и го натепале началникот откако им дофрлил дека возат опасно во тесна улица

Директорот на Регионалната дирекција во Русе на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, вишиот началник Николај Кожухаров, 40 минути по полноќ е нападнат од четири машки лица на возраст меѓу 15 и 19 години додека се враќал дома од теретана.

Откако им дофрлил на младинците што се возеле со автомобил брзо и опасно во тесна улица, тие застанале и физички го нападнале, иако им се претставил.

„Колку што разбрав, еден од напаѓачите изјавил дека не го интересира кој е тој. Преку напорите на сите институции, се надевам дека отсега натаму само тоа ќе го интересира и дека неговиот личен простор ќе биде многу, многу стеснет. Нападот врз институциите на Бугарија – секој полицаец ја претставува државата – ќе биде многу строго гонет. Стигнавме дотука поради ерозијата на бугарските институции во последните години“, изјави министерот за внатрешни работи Даниел Митов.

Кожухаров е на интензивна нега и е надвор од животна опасност, но загубил над 1,5 литар крв. Од болницата повикаа да се дарува крв од групата А позитив за шефот на полицијата.

Окружното обвинителство во Русе отвори предистражна постапка за хулиганство и нанесување телесни повреди на полицаец со хулигански мотиви. Според градоначалникот на Русе, Николај Кожухаров е добро познат во градот и немал потреба ниту да се претставува за напаѓачите да знаат кој е.

За напад врз полицаец и нанесување средно тешки повреди казната е од три до 10 години затвор.

Напаѓачите се приведени и им е одреден 72-часовен притвор.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top