Македонија

Бугарски аналитичар очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и крах на СДСМ на локалните избори

Аналитичарот Владимиров предвидува дека 80-90 отсто од општините ќе освои партијата на Мицкоски

Аналитичарот Владимир Владимиров од Бугарија предвидува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори во Македонија.

„Она што ќе се случи на локалните избори е убедлива победа за Мицкоски против опозицијата. По локалните избори тој ќе ја потврди својата силна победа што ја постигна на парламентарните избори. Ќе освои најмалку 80 проценти од општините, да не речам 90 отсто. СДСМ целосно ќе го изгуби легитимитетот и не знам дали воопшто ќе се одржи како партија, дали ќе продолжи да постои во оваа форма. Она што ќе се случи во Македонија по локалните избори е продлабочување на урбанизацијата на земјата“, изјави тој за Бугарското национално радио.

Аналитичарот верува дека ќе има продлабочување на проблемите меѓу Бугарија и Македонија. Според него, ова ќе има негативно влијание и врз европската интеграција на земјата.

„Не сум оптимист за иднината на Северна Македонија. Мораме со посебно внимание да го следиме моментот кога Албанија ќе стане членка на ЕУ“, додаде Владимиров.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Понекогаш е непријатно летањето со старото владино „авионче на браќата Рајт“!

„Владиното авионче моите колеги-претседатели во регионот го нарекуваат ‘авиончето на браќата Рајт’, бидејќи е најмало и најстаро’.“ – рече денеска претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во одговор на поставено новинарско прашање.

Елитен полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед!

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. МВР покрена и дисциплинска постапка.

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

To top