Македонија

Бугарски организации да не се нарекуваат антимакедонски во Македонија, бара Амбасадата на Бугарија

Во однос на најавената акција од фондацијата „Македонија“, Амбасадата „моли“ да не се блокираат патиштата меѓу двете земји

Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи за најавената блокада на трите гранични премини со Македонија од бугарската фондација „Македонија“, барајќи бугарски организации да не се означуваат како антимакедонски.

„Им обрнуваме внимание на одредени медиуми и јавни личности во Северна Македонија дека е неодржливо и непродуктивно да се дефинираат бугарски организации како ‘антимакедонски’ поради различните проценки и ставови за состојбата на билатералните односи и политиката на властите во Скопјe. Плурализмот е карактеристична црта на демократијата и неговата манифестација не е насочена ‘против’ никого, туку има за цел да отвори меѓуопштествен дијалог како предуслов за градење слични наративи и разбирање“, се вели во реакцијата на Амбасадата, која „моли“ и да не бидат блокирани патиштата меѓу двете земји.

„Го поддржуваме правото на мирен граѓански протест како фундаментално право во секое вистински демократско општество. Во исто време, категорично бараме да не се предизвикуваат блокади на граничните премини или патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија“, повикува Амбасадата. „Интересот на нашата земја бара од нас да бидеме отворени кон нашите југозападни соседи, да ги предизвикаме да се запознаат со модерната бугарска култура, да ги поттикнеме контактите меѓу долго разделените семејства, да ја продлабочиме економската соработка и трговијата. Ова е најдобриот начин да се спротивставиме на омразата. Само на овој начин ќе ги потсетиме нашите соседи колку сме блиски и кои се придобивките не само од нашата заедничка историја, туку и од нашата заедничка иднина во Обединета Европа. Изразувањето на незадоволството и загриженоста на бугарското општество за она што се случува во Скопјe треба да има конструктивен и европски карактер“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top