Македонија

Бугарскиот сајт Вестимак пренесува налудничави лаги на српски историчар за Гоце Делчев (ВИДЕО)

Во својата перфидна кампања против Македонија порталот Вестимак кој е близок на бугарските служби постојано објавува антимакедонски тврдења а главни теми на објавите им се наводи за непостоење на македонската нација

Бугарскиот портал Вестимак кој објавува вести за Македонија на македонски јазик а кој е близок на бугарските тајни служби објавува налудничави лаги на наводен историчар Србин кој шири лаги за Гоце Делчев.

Порталот објавува видео од српски подкаст со коментар ,,Српски историчари тврдат дека Гоце Делчев е Србин”.

Порталот кој се уредува од Софија и е алатка на великобугараката пропаганда не наведува кој зборува во видеото кое е кратко но изобилува со налудничави тврдења.

Меѓу другото во видеото се споменува дека Гоце Делчев е татко на ,,северномакедонската нација” и дека е роден во ,,српскиот град Кукуш”.

Во својата перфидна кампања против Македонија порталот Вестимак кој е близок на бугарските служби постојано објавува антимакедонски тврдења а главни теми на објавите им се наводи за непостоење на македонската нација.

Ставовите на ДУИ и СДСМ имаат посебно место во работата на бугарскиот портал на македонски јазик кој се фокусира на антимакедонски тврдења кои доаѓаат од српски и други регионални лудаци кога тие ги напаѓаат Македонците.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top