Македонија

Четворица пратеници од “Европскиот фронт“ ќе се приклучат на ВРЕДИ, вели Меџити

Првиот вицепремиер и еден од лидерите ВРЕДИ во интервју за Алсат изјави дека четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство. „Вреди нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со оние што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се види дека […]

Првиот вицепремиер и еден од лидерите ВРЕДИ во интервју за Алсат изјави дека четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство.

„Вреди нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со оние што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се види дека ситуацијата не е таква. Разговорите не се завршени, се наоѓаат во завршна фаза, но потврдувам дека има таков број што веќе го напуштија Фронтот и го поддржуваат мнозинството“, рече Изет Меџити.

Според него, сите ресори во Владата што ги водеше крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ќе останат на ВРЕДИ.

„Она што е власт и што му припаѓа на ВРЕДИ, останува на ВРЕДИ.

Сега кој ќе биде дел од ВРЕДИ во иднина – поединци, други субјекти – тоа е прашање кое го дискутираме и дебатираме, но со оваа власт управува Вреди. Сè додека не одлучиме за други околности за размена на ресори, но засега оваа тема е затворена“, додаде Меџити.

Меџити: И без АА на Таравари имаме доволно пратеници

Најнови вести од: Македонија

Германија и Франција бараат „Европа со две брзини“ – Г6 ќе ги води промените без консензус од сите

Германија и Франција се залагаат за забрзување на клучните политики на Европската Унија преку воведување на систем со две брзини, кој би им овозможил на водечките економии да напредуваат без потреба од консензус од сите 27 земји-членки, пишува The Washington Post.

Тетово добива модерна гимназија: Мицкоски, Касами и Јанева на свеченото отворање

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

To top