Македонија Колумни

Членство на Република Македонија во „Вишеградската група“ на ЕУ-држави, заради одбрана на македонската вистина, идентитет, јазик и историја (2)

Европски експерти и аналитичари сугерираат дека на Македонија ѝ е потребно стапување во суверенистички сојузи и партнерства, макар и неформални да бидат во почетокот , заради одбрана на македонската вистина, идентитет, јазик и историја. Конкретно, потребно е поврзување со Вишеградската група (В 4) на држави (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), кои со децении го усовршуваат моделот на заштита на националните идентитетски специфики наспроти политиките на Брисел. Деновиве унгарскиот премиер Петер Маѓар им упати директен повик на државите од Западниот Балкан, кои не се сѐ уште членки на ЕУ, што значи и на Македонија, да влезат во Вишеградската група! Практично, Петер Маѓар самиот ѝ ја отвора вратата и на Македонија во „Вишеградската група! Поврзувањето со „Вишеградската група“ ѝ нуди на Македонија значајна лоби-платформа да ги брани многу посилно и многу поконкретно својата македонска вистина, својот идентитет, јазик и историја. Зашто, кој може да даде гаранции дека „бугарскиот волк нема да го изеде македонското јагне“, ако би влегол во „бачилото“ – уставот“?!

Пишува: Свето Тоевски

Ако би се реализирала визијата на Маѓар, која има уште поширок територијален опсег, тогаш  би се создал своевиден „централноевропски блок“, кој би ги поврзал Балтикот, Централна Европа, Дунавскиот регион и Јадранот. Во таков формат би биле застапени повеќе од десет држави со значителна тежина во Советот на ЕУ и Европскиот парламент. Затоа некои аналитичари зборуваат за можност да се создаде нова „централноевропска оска“ во рамките на ЕУ. Таа би можела да претставува, условно кажано, и своевидна „македонска оска“ во рамки на ЕУ, ако македонското државно-политичко раководство и конкретно ѝ се приклучи на „Вишеградската група“ било како партнер, било како формална членка, а потоа со максимално засилени активности и во неа и во „централноевропската оска“, заради лобирање за македонската евроинтеграција и македонската вистина наспроти сите идентитетско-историски фалсификати и барања на Софија за менување на македонскиот устав.

Токму „Вишеградските држави“, заедно со Хрватска, Словенија и Романија, би можеле да станат едни од најсилните поддржувачи на македонската европска интеграција, да станат „чеканот“ во рацете на Македонија, со кој би можеле постапно да се „столчат“ бугарските уцени, условувања, вета и блокади. Но не само, софиските, туку и бриселските! Исто така, Македонија треба проактивно да воспостави „неформална коалиција“ и со суверенистичките струења во Париз, Берлин и Рим, напоредно задржувајќи ги и развивајќи ги политиките на соработка и со тамошните влади и владејачки коалиции, иако тие во рамки на ЕУ и натаму се на страната на Бугарија…

Кој може да даде гаранции дека „бугарскиот волк нема да го изеде македонското јагне“, ако би влегол во „бачилото“ – уставот“?!

Новиот бран на европскиот суверенизам (како десничарските и конзервативните групации во Европскиот парламент) отворено се залага за концепт на „Европа на суверени нации“, каде што секоја држава има апсолутно право на свое национално самоопределување и на свој идентитет – факти од клучно значење за Македонија. Затоа, наместо инфериорно коленичење и молење во Брисел и Софија за „гаранции дека бугарскиот волк нема да го изеде македонското јагне“ околу барањето „Бугари во Устав“, Македонија треба конечно да изврши своевиден „стратегиски маневар“ и „тивко“ да фати приклучок кон „Новата суверенистичка Европа“, која е во подем.

Македонија може да најде значителни, или можеби и силни сојузници во структурите и елитите на суверенистичка Европа, кои веќе виреат и сѐ посилно тропаат на портите на владите и парламентите во Германија, Франција и Италија. Треба да се остваруваат во почетокот неформални, но и сепак содржински контакти и лобирања кај италијанската партија „Лига“ и нејзиниот лидер Матео Салвини, сегашен и италијански вицепремиер и министер за инфраструктура, такви контакти и лобирања кај сега веќе водечката германска партија Алтернатива за Германија и двата нејзини лидера Алис Вајдел и Тино Хрупала, но и кај француската партија Национално собирање на Франција и двата лидера Жордан Бардела и Марин Лепен, од кои Бардела има сѐ поголеми шанси  да стане идниот претседател на Франција на претседателските избори во 2027 година…

Преку овие дипломатски контакти и лобирања официјално Скопје може да постигне значително, или можеби и соодветно големо меѓународно разбирање и поддршка  и во јавноста и на политичката сцена во тие три клучни европски метрополи за аргументот дека Бугарија со поддршка на Брисел ја принудува Македонија да изврши нов уставно-идентитетски „инженеринг“ спротивно на врховниот принцип на меѓународното право јус когенс. Реформите мора да продолжат во Македонија, бидејќи тие се „јазикот“, на кој Брисел комуницира. Но, паралелното дипломатско поврзување со суверенистичките иницијативи во ЕУ е единствениот начин да се спречи евроинтеграцијата на Македонија да се претвори во нејзина нова идентитетска и историска капитулација. Заштитата на идентитетот, историјата, јазикот и суверенитетот во случајот на Македонија се бранат преку политички сојузи со оние сили, политичари и политички елити во Европа, кои веруваат во националната држава како врховен суверен и во правото на европските народи на сопствен идентитет, јазик и историја.

продолжува)

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена политиколошка анализа, кои не одразуваат ставови на ниедна партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

(„Нова Македонија“

 

Најнови вести од: Македонија Колумни

Ребалансот на буџет оди во Влада – повеќе пари за инфраструктура, помалку за тековни трошоци

Ребалансот на буџетот оди на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит, најави Димитриеска-Кочоска. Повеќе пари за патишта, железници и инфраструктурни проекти, а помалку за нови вработувања и тековни трошоци. Во Владата ќе се разгледува новото прекројување на државната каса, а министерката за финансии уверува дека повеќе пари ќе бидат насочени кон проекти што треба да го поттикнат економскиот развој и да ја забрзаат реализацијата на капиталните инвестиции.

Нобеловецот Анатол Франс уште во 1903 кажа дека „каузата на Македонците е кауза на европската цивилизација“, која сега Софија сака да ја претвори во бугарска кауза! (3)

„Каузата на Македонците е кауза на европската цивилизација! Оставајќи еден народ да биде колен, Европа извршува морално самоубиство!“ – кажал интелектуалниот џин на Франција и нејзината морална совест, книжевникот – нобеловец Анатол Франс на величествениот митинг среде Париз (во некои извори се споменува и Женева) на17 март 1903 година. Митингот бил одржан заради поддршка и за Македонија и за земање на македонскиот народ во заштита од страдањата во тогашната Турска империја.

Ќучук побара во Европскиот парламент: „Европските институции сериозно да одговорат на говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски од РСМ“?!

Бугарскиот европратеник и поранешен известувач за Македонија Илхан Ќучук во обраќањето пред Европскиот парламент изнесе тврдење дека е „потребна реакција за опожарувањето бугарски дипломатски возила во Скопје“. Тој побара „сериозен одговор од европските институции“ и се пожали дека „тоа било последица од говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски“ од страна на Македонија.

Агенцијата за вработување објави оглас за самовработување, до 10.000 евра за млади претприемачи

Денес e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови.

Наместо нова идентитетско-историска капитулација со „Бугари во устав“ – поврзување со суверенистичка Европа за лобирања и борба за македонската кауза и ЕУ-патот (1)

Во јуни 2026 година ширум Европа, а особено во државите на ЕУ, се засилува трендот на политички иницијативи, програми и јавни барања за заштита на националниот идентитет, суверенитетот и политичката самостојност на државите од најразличните видови на закани кон овие клучни концепти во постоењето и дејствувањето на кој било народ и држава во Европа и светот. Таквите иницијативи, програми и барања доаѓаат не само од десничарски националистички партии, туку и од влади и државници на водечки европски држави и политички лидери од други земји од „евроклубот“, како од Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Полска, Словачка, потоа од влијателни државно-политички групации на европскиот континент, како што е „Вишеградската група“ на земји. Ја посочуваме и Швајцарија со пораките, кои извираат и од нивниот најнов референдум со демографско-идентитетски белези. Политичка Европа допрва ќе влегува во период кога државите и нивните институции, нивните водечки партии и политички елити ќе бараат сѐ повеќе нови механизми за заштита на националниот и државниот идентитет и суверенитет, културата, економијата и политичката самостојност. Лобирањата и борбата за македонската кауза и националната и јазична самобитност, како и за чекорењето по патот кон ЕУ само како Македонија и македонски народ, мора и може да се остварува сѐ повеќе во рамки на суверенистичка Европа.

Мицкоски: Редно е трговците да ги намалат цените инаку….

Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, рече премиерот

To top