Колумни

Наместо нова идентитетско-историска капитулација со „Бугари во устав“ – поврзување со суверенистичка Европа за лобирања и борба за македонската кауза и ЕУ-патот (1)

Во јуни 2026 година ширум Европа, а особено во државите на ЕУ, се засилува трендот на политички иницијативи, програми и јавни барања за заштита на националниот идентитет, суверенитетот и политичката самостојност на државите од најразличните видови на закани кон овие клучни концепти во постоењето и дејствувањето на кој било народ и држава во Европа и светот. Таквите иницијативи, програми и барања доаѓаат не само од десничарски националистички партии, туку и од влади и државници на водечки европски држави и политички лидери од други земји од „евроклубот“, како од Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Полска, Словачка, потоа од влијателни државно-политички групации на европскиот континент, како што е „Вишеградската група“ на земји. Ја посочуваме и Швајцарија со пораките, кои извираат и од нивниот најнов референдум со демографско-идентитетски белези. Политичка Европа допрва ќе влегува во период кога државите и нивните институции, нивните водечки партии и политички елити ќе бараат сѐ повеќе нови механизми за заштита на националниот и државниот идентитет и суверенитет, културата, економијата и политичката самостојност. Лобирањата и борбата за македонската кауза и националната и јазична самобитност, како и за чекорењето по патот кон ЕУ само како Македонија и македонски народ, мора и може да се остварува сѐ повеќе во рамки на суверенистичка Европа.

Пишува: Свето Тоевски

Во суверенистичкиот европски контекст, кој е во растечки подем,  целосно се вклопува и позицијата на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, која деновиве преку интервјуто за Македонската информативна агенција – МИА практично, ја исклучи можноста за промена на највисокиот правно-политички акт на Македонија, како предуслов за отворање на преговорите со ЕУ. Во момент кога уставните измени ѝ се наложуваат во уште поагресивна форма на Македонија нејзината претседателка Сиљановска-Давкова им упати директна порака и на Брисел и на Софија дека македонската држава треба да се подготвува за ЕУ преку реформи и примена на Копенхагенските критериуми, а не нејзината евроинтеграција да се сведува само на постојано отворање историски и идентитетски теми на барање на Бугарија.

„Некој друг сега има забелешка на нешто, што е само наше – историја, идентитет. Не можеме ние да ревидираме историја на барање на некој друг, таа е дел од нашиот идентитет. Како тоа ќе ја усогласуваме ние историјата? Секој народ има право на своја историја. Штом ќе се спомене евроинтеграција, приказната веднаш почнува со уставните измени и со протоколите. Пазете, уставни измени за почеток на преговори. Такво нешто немало. Не можеме ние со записник, или со протокол да менуваме амандмански Устав.“ – беше кристално јасна и категорична Сиљановска-Давкова. Поправо, таа им даде и однапред одговор на пратениците во Европскиот парламент и нивната резолуција за градењето „заедничка историја“ на Македонија со Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски до крај ја „бетонира“ македонската позиција, нагласувајќи: „Нема пазарење со македонскиот идентитет, ниту преговори за него и јазикот, тоа е нашата клучна црвена линија! Доста беше!“

Францускиот  писател-нобеловец и моралната совест на Франција Анатол Франс ја означи уште во 1903 година каузата на Македонците како кауза на европската цивилизација, која денес Софија и ЕУ се обидуваат да ја престорат како бугарска кауза, сосе историјата, јазикот и идентитетот. Затоа, во широкиот европски контекст, во кој се гради новата политичка суверенистичка Европа, Македонија мора да започне многу поенергично самата да ја брани македонската кауза со европски белези, во европскиот суверенистички контекст да го бара својот натамошен опстој и пат како држава и да ги штити државно-национални интереси на македонскиот народ и на сите други нејзини граѓани без оглед на етничка, политичка и секаква друга припадност.

Македонија, која како држава-кандидатка за влез во ЕУ, се соочува со идентитетско-историски притисоци и директни закани од прекројување на македонската историја, мора да започне многу позасилено да се поврзува со новите суверенистички и политички струења во клучните ЕУ-држави, бидејќи новата реалност на европскиот континент налага паралелна дипломатија за заштита на државниот суверенитет и националната и идентитетско-јазична самобитност. Спроведувањето на техничката и реформската агенда од Копенхагенските критериуми останува задолжително, но експертите од областа на геополитиката и евроинтеграциите сè почесто нагласуваат дека слепото потпирање само на Брисел не е доволно кога се загрозени јазикот, историјата и идентитетот.

(продолжува)

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена политиколошка анализа, кои не одразуваат ставови на ниедна партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

(„Нова Македонија“

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

Остри реакции во Бугарија и Грција околу „спектаклот“ „Враќањето на бугарскиот цар Самуил во татковината“ (2)

Пропаганднииот циркус „Враќањето на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во татковината Бугарија“, кој без никакво сомневање има за цел да го поттикне создавањето на „заедничката историја на Македонија со Бугарија“, односно бугаризирањето на автентичната македонска национална историја, наидува на негативни и критички реакции токму во Бугарија и Грција – двете држави, кои го приредуваат овој „спектакл“ и „лошососедско“ политичко поигрување со сѐ уште научно непотврдените мошти – дали и навистина му припаѓаат на инаку македонскиот цар Самуил.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и македонскиoт јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

To top