Македонија

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Изјава на 9 септември 2015 година

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што се покажа како нетоично, експерти предупредуваа дека тоа не треба да се стори.

Така, д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, на  9 септември 2015 година, изјави:

„Употребата на маслото од канабис секако дека има позитивни страни, но како токсиколог мојот личен став е негативен. Од искуството со зависниците од дроги што го имам на Клиниката за токсикологија, најодговорно тврдам дека најголем дел од зависниците од хероин или други тешки дроги, прво почнале со употреба на марихуаната, па потоа поминале на потешки дроги. Второ, сметам дека во моментов државата нема да може докрај квалитетно да го контролира увозот и производството на маслото од канабис и сметам дека ако сега се легализира, ќе има повеќе злоупотреба, отколку корист”, истакна д-р Чибишев во изјава која тогаш ја објавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Денеска, тој потсетува на оваа негова изјава и за МИА додава:

-Тогаш, категорично бев против легализација на марихуаната и предупредував дека ние како општество не сме во состојба тоа да го менаџираме. По 10 години се покажува дека сум во право. Невиден криминал! – вели токсикологот д-р Чибишев.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ, „кој е сериозно загрижен за уставниот поредок“: Секој има право да праќа писма, но моите чувства за прогон сè се посилни!

„Секој има право да си се допишува и да праќа писма, но моите чувства се сѐ посилни!“ – , рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став на информацијата дека лидерот на СДСМ Венко Филипче испратил писма до сите официјални институции во ЕУ, но и до сите амбасадори во земјава по изјавата на премиерот дека „има чувство оти можеби ќе има прогон на поранешни функциониери од сегашната опозиција“.

ИНА: По пронајдена марихуана и кокаин, подготвени за продажба, лишен од слобода синот (16) на ексградоначалничката на Тетово Теута Арифи и на судија на Врховен суд! (ВИДЕО)

„Вчеравечер е изведена изненадувачка полициска акција во куќата на поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи. Во доцните вечерни часови полициските сили отидоа во куќата на Арифи по низа сомневања поврзани со нејзиниот малолетен, 16-годишен син, осомничен за продажба на наркотични средства, дрога. Според информациите, синот на Теута Арифи бил придружуван во полиција, исто така од еден од неговите родители, актуелен судија во Врховниот суд.“ ова го објави „Алмакос“, пренесувајќи ја веста на информативната агенција Илирија-ИНА.

Зелените компетенции влегуваат во угостителството – од професионалната кујна до училницата

Во време кога одржливоста повеќе не е избор, туку потреба, HoReCa секторот се наоѓа на пресвртница. Еразмус+ проектот „Зелената иднина на HoReCa“ има за цел да ги поддржи професионалците и едукаторите во оваа трансформација – од намалување на отпадот и повисока енергетска ефикасност, до градење нова култура на одговорно лидерство.

Најнови вести

To top