Македонија

Дали Мојсова ќе повика СДСМ во вториот круг да гласа за Стевчо Јакимовски

Маја Мојсова молчи и не кажува до крај дали ќе ја одигра својата улога на статист на овие избори

Маја Мојсова да каже дали ќе повика во вториот круг од локалните избори да се гласа за Стевчо Јакимовски, кој е осуден криминалец и е на црната листа на САД, праша денеска Благица Цветановска, кандидатка за член на Советот на Општина Карпош.

– Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и правел ДУП-ови по мерка на урбаната мафија. Само политичар како Стевчо Јакимовски, кој е докажан криминалец, им одговара на Филипче и на Заев и на СДСМ. Затоа Маја Мојсова ја избраа да биде статист на овие избори и да послужи само како сад за прелевање гласови во вториот круг кај нивниот вистински кандидат, Стевчо Јакимовски – рече Цветановска.

Маја Мојсова молчи и не кажува до крај дали ќе ја одигра својата улога на статист на овие избори која ѝ ја дадоа Венко Филипче и Зоран Заев, додаде таа.

– Или ќе покаже грам доблест и интегритет и ќе се спротистави на бетонизацијата на Карпош која ја планираат Филипче и Заев преку Стевчо Јакимовски. Маја Мојсова мора да каже јасно и гласно дали во вториот круг ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за бетонизација на Карпош по мерка на Филипче и Заев, за сметка на граѓаните, кои ќе добијат запуштена општина – рече Цветановска.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Нема веќе да има „предмети во фиока“

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин, вели Савевски кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top