Македонија

(Видео): Дали во Македонија ќе се отворат бегалски кампови?!

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Велика Британија. Англиските медиуми повторно ја отворија темата дека Македонија започнала формални преговори за прифаќање на бегалци чији барања за азил во Британија биле одбиени. „Тајмс“ наведува дека земјава ќе добива финансиска поддршка за секој лице што би го прифатила, заедно со дополнителни инвестиции и програми за зајакнување на безбедносниот сектор.

„Македонија и Косово се двете балкански земји со кои Велика Британија преговара за воспоставување центри за враќање на одбиените баратели на азил“. Ваквите написи од британските медиуми повторно ја разгореа дебатата во македонската јавност за тоа, што предвидува Договорот за стратешко партнерство со Лондон. Според медиумските текстови, Британија би плаќала за секој мигрант што земјава ќе го прифати. Сепак, по жестоките обвинувања од опозицијата, Владата категорично ги отфрли таквите написи и тврдења, оценувајќи дека се за внатрешно-политичка употреба во Британија.

„Ова е напис за внатрешно-политичка употреба во Британија. Единствената вистина е онаа што британскиот амбасадор Метју Лосон јавно ја кажа во мај – Македонија нема да прифаќа мигранти.“

СДСМ обвини дека власта ја претвора Македонија во мигрантски камп.

ВМРО-ДПМНЕ повика да се шири паника врз основа на новинарски текстови.

„Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови.“

Британската амбасада посочи на Договорот за стратешко партнерство, без да навлегува во медиумските написи за наводниот договор за префрлање мигранти во земјава.

 „Двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнувајќи ја безбедноста и справувајќи се со криминалните мрежи. Ние стоиме цврсто со нашиот македонски сојузник во НАТО во унапредувањето на просперитетот, безбедноста и економскиот раст.“, посочи британската амбасада.

Пролетва, британскиот амбасадор Лосон посочи дека не станува збор за прифаќање мигранти, туку за полициска соработка, борба против криминални мрежи и споделување разузнавачки податоци.

На прашањето колку ќе ја чини ова Велика Британија, учесниците во овие дебати заклучуваат „многу помалку отколку тие луѓе да ги чуваат во Британија“. Британски аналитичари објаснуваат дека со ова Македонија станува офшор дестинација за мигранти и дека мигрантите ќе дојдат во Македонија за да воспостават свој нов живот – а не како попатна или привремена дестинација.

Најнови вести од: Македонија

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top