Македонија

Дали во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се користат монитирани фотографии?!

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија реагираа и, како што велат во соопштение, со индиганција ја отфрлија како лажна, инсинуирачка и неточна изјавата на рофесорот на Универзитетот во Синсинати САД, Иван Динев Иванов, кој воедно е државјанин на САД и Бугарија, дадена во емисијата „На кавга со Иван“ која се емитуваше […]

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија реагираа и, како што велат во соопштение, со индиганција ја отфрлија како лажна, инсинуирачка и неточна изјавата на рофесорот на Универзитетот во Синсинати САД, Иван Динев Иванов, кој воедно е државјанин на САД и Бугарија, дадена во емисијата „На кавга со Иван“ која се емитуваше на Канал 5 телевизија.

Од Еврејската заедница велат дека се лажни тврдењата и инсинуациите дека наводно во постојаната поставка во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се користат монитирани фотографии, документи и филмови и дека Меморијалниот центар на холокаустот е место од каде се врши искривена пропаганда, за улогата на Бугарија во депортацијата на Евреите од Македонија.

  • „Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, го чува споменот и е посветен на 7.144 Евреи од Македонија кои беа брутално прогонувани, понижувани, етикетирани, ограбени и депортирани во смрт од страна на тогашните бугарски фашистички власти.

Би сакале да напоменеме дека во креирање и изградба на постојаната изложбена поставка во Меморијалниот центар учествуваа реномирани светски историчари од ерата на холокаустот кои своите истражувања, превземање и откуп на архивски материјал ги правеа во архивите на Меморијалјиот музеј на холокаустот во Вашингтон, САД, Јад Вашем во Израел и други архиви.

Обидите на проф. д-р Иванов за искривување на историската вистина и улогата на Царска Бугарија во холокаустот на Евреите од Македонија се скандалозни, пред сè за еден професор кој треба на своите студенти да им ја пренесе вистината за историските настани, а не да се става на страната на официјалното искривување на историската вистина за холокаустот од одредени бугарските политичари и историчари, кои се одвиваат во континуитет.

  • Ние, Евреите од Македонија, нема да дозволиме никакво искривување на историјата во дневно политички цели. Нема да дозволиме да се заборави каде и како завршија 7.144 Евреи од Македонија, само затоа што се поинакви по вера и традиција од ариевската раса, само затоа што некој сака да ја стави под килим својата негативна историска улога. Фактот дека Бугарија беше соучесник во едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото не може да се избрише, па тоа да е и обидот на проф. Иван Динев Иванов“, реагираат Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија 2021-2027

Заинтересираните организации се повикуваат навремено да започнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози.

To top