Македонија

Данела не се појави ни на една од опожарените депонии

Едно од ветувањата на Арсовска беше дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат, ќе ги исчисти сите депонии на територијата на Град Скопје

Додека во Скопје горат Вардариште, Дрисла и електронскиот отпад во Трубарево, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска – ја нема, пишува порталот Фактор според кој обидите да ја контактираат биле безуспешни

Порталот потсетува дека едно од ветувањата на Арсовска беше дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат, ќе ги исчисти сите депонии на територијата на Град Скопје.

Освен што како прв човек на Град Скопје се нема појавено кај опожарените депонии, Арсовска ја нема ниту со било каков став во јавноста, било преку службите од Градот или преку нејзините лични профили на социјалните мрежи, забележува Фактор.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top