Македонија

Грчева: Не денови, туку часови бројам да ја снема скопскава управа на чело со градоначалничкава

„Дно! Вакво дно Скопје не видело“, коментира поранешната пратеничка и лидерка на Глас за Македонија

Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија, не може да дочека да ѝ заврши мандатот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

„Не денови, туку часови бројам да ја снема скопскава управа на чело со градоначалничкава.

Тонеме во ѓубре, никој не поминува да го собере.
Сообраќаен метеж во кој сме сите заглавени. Странци прават потсмешливи репортажи за градов и се вчудоневидени. За нив, мало гајле, ама скопјани сакаат итно да излезат од ова лудило.
Дно! Вакво дно Скопје не видело.
Ајде Орце напред. Ни треба вреден човек и докажан човек, а не ‘менаџерка’ што не може или не сака да работи. Барем да имаше доблест да даде оставка“, напиша поранешната пратеничка на Фејсбук,

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top