Свет

Данската разузнавачка служба за првпат ги означи Соединетите Американски Држави како „можна безбедносна опасност“!

Во годишната проценка на заканите за 2025 година, објавена денеска, данската воено-разузнавачка служба наведува дека „официјален Вашингтон сè поотворено ги става сопствените интереси во прв план и ја користи својата економска и технолошка моќ како средство за притисок, вклучувајќи и кон сојузниците“.

Данската воено-разузнавачка служба денеска за прв пат ги опиша Соединетите Американски Држави како „можна безбедносна опасност“. Данското воено разузнавање укажува дека „се променил погледот како на близок сојузник, поради растечките геополитички тензии околу Гренланд“, додавајќи и дека „целокупното опкружување на Данска се влошило сериозно“. 

Посебно е истакнато дека САД покажуваат сè поголем интерес за Гренланд, територија во состав на Данска, поради засилената конкуренција на големите сили на Арктикот.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Свет

Стратешко срце на САД во Блискиот Исток: Зошто Иран ја бомбардира базата во Бахреин

Аналитичарите предупредуваат дека би можело да биде најголемата американска воена катастрофа од Втората светска војна, со сериозни последици врз регионалната безбедност и глобалните енергетски пазари.

To top