Свет

Мосад ги хакирал уличните камери за да го лоцира и убие Хамнеи

Израел ги хакирал камерите пред години и открил дека една одредена камера била позиционирана под агол што покажувал каде членовите на безбедносниот тим на Хамнеи ги паркирале своите автомобили

Израел ја хакирал огромната мрежа на сообраќајни камери во Техеран за да ги следи телохранителите на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и други високи ирански функционери, објави „Фајненшл тајмс“ (FT), цитирајќи две лица кои зборувале под услов на анонимност.

Се верува дека сообраќајните камери во Иран се дел од мрежата за надзор, со која властите успеваат да ги идентификуваат и гонат демонстрантите и противниците на режимот.

Но, Мосад успеал да ги искористи против режимот.

Израел ги хакирал камерите пред години и открил дека една одредена камера била позиционирана под агол што покажувал каде членовите на безбедносниот тим на Хамнеи ги паркирале своите автомобили.

Користејќи ги камерите, израелската разузнавачка служба составила досиеја за адресите на стражарите, нивните работни распореди и лицата што биле назначени да ги чуваат.

Израел и САД, исто така, ја прекинаа мобилнната мрежа на улицата „Пастер“ во Техеран, каде што беше убиен Хамнеи, така што биле спречени оние што се обидуваа да контактираат со неговите телохранители и да пренесат какви било предупредувања.

„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјавил израелски разузнавачки службеник кој зборувал под услов на анонимност.

„И кога го познавате местото, како и улицата на која сте пораснале, забележувате дури и најмала неправилност“, рече специјалниот агент.

Израел користел алатки и алгоритми за вештачка интелигенција што ги развил за да сортира низ огромната количина на податоци што ги собрал за иранското раководство и неговите движења.

Ова им овозможило да го следат Хамнеи до состанокот во саботата кога беше убиен.

Најнови вести од: Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

Во една од најбогатите земји се враќа ќотекот како дисциплинска мерка во училиштата

Тој додаде дека училиштата ќе ја земат предвид зрелоста на учениците и ќе проценат дали таквата казна може да му помогне на детето да ја разбере сериозноста на своето однесување и да научи од своите грешки.

„Потполно неприфатливо“: Трамп го одби мировниот предлог на Иран

Иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидуваа САД да мора да платат воени репарации, а Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот

To top