Македонија

Дарко Митровиќ го фати светиот крст во Вардар

Најсреќен помеѓу оние 160 верници кои се фрлаа по крстот во Вардар

 

Денеска на еден од најсветите денови за православните христијани, Богојавление (Водици), традиционално како и секоја година, се одржа фрлање на светиот крст во Вардар, во центарот на Скопје.

На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија. За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 момчиња и едно девојче.

Годинава најсреќен помеѓу оние 160 верници кои се фрлаа по крстот е 24-годишниот Дарко Митровиќ.

Чинот на полагањето на светиот крст се одржа кај мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“.

Помеѓу скокачите годинава беше и една девојка – Јована Џеповска, за која ова е прво учество во чинот на положување на светиот крст. Таа истакна дека нејзината мотивација произлегува од љубовта кон верата и традицијата, нагласувајќи дека не треба да постојат поделби кога станува збор за духовните вредности.

Настанот беше проследен од голем број граѓани и верници, кои и годинава присуствуваа на традиционалното одбележување на Богојавление – Водици, еден од најзначајните празници во православниот календар.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top